Брисел -Брисел (француски: Bruxelles; - TopicsExpress



          

Брисел -Брисел (француски: Bruxelles; холандски: Brussel) е главен град на Белгија. Овој град од секогаш претставувал раскрсница на јазици и култури по што заслужено е претворен во главен штаб на Европската Унија, НАТО и други Европски институции. Метрополата на Брисел содржи 2090000 жители. -Името на градот доаѓа од старохоландската сложеница Bruocsella, каде зборот „bruoc“, значи мочуриште, а зборот „sella“ значи дом. Тоа значи дека преводот на името на градот би бил „дом во мочуриштето“. -Првобитната населба, од која подоцна ќе настане Брисел, била основана одстана на Св. Гаугериј, кој изградил капела на брегот на реката Зене околу 580 година. Официјално датумот за оснивање на градот се сместува некадеоколу 979 година, кога војводата Карло Лотаргијски ја преместил реликвијата Св. Гудуле од Мерсел во капелата Св. Гаугериј која се наоѓача на брегот на реката која подоцна ќе стане остров Св. Гаугериј. Царот Отон II го дал на Карло, кој бил син на францускиот крал Луј IV, војводство на Доња Лотаргија, а тој на тоа место изградил прва постојана населба. Околу 1000 година Брислеската грофовија е дадена на лебенскиот гроф Ламберт I, а во 1047 година, во владеењето на Ламберт II, прв пат се споменува името на градот. -Градот Брисел се наоѓа во средишниот дел на Белгија, помеѓу Фландрајската низина и Брабантското плато, на надморска височина помеѓу 15 и 100 метри. Реката протекува низ градо од југозапад кон североисток, меѓутоа, преку неа во 19 век и во 20 век се изградени многу градби, па така таа денес практично и не се гледа.
Posted on: Thu, 24 Oct 2013 21:23:19 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015