Од една моја Фб пријателка... „Пред точно еден месец во ова време, мислам дека бев веќе надвор од македонска граница, преплашена од предизвикот да заминам сама во непозната средина и непознат нов живот и претажна за се` што оставам зад себе. Како што се оддалечував од Македонија, така почна сето тоа да ми се претвара во храброст, среќа и возбуда. Со првиот чекор во Прага се почувствував подобро од било кога. Уште тогаш се сетив на зборовите на еден драг пријател, дека ќе ми биде криво што не сум дошла тука на 20 години. Во овој краток период направив неколку погрешни и повеќе правилни работи. Но, се снајдов подобро од што очекував и малку по малку стигнав до овде каде што сум сега, а тука ми е одлично. Во моментов единствено се молам никогаш да не се вратам повторно во Македонија. Си го оставив срцето таму, во кое се сите мои најмили и моите две најсакани кученца, но се молам да одам да ги посетувам само на одмор. Јас сигурно сум била планирана да се родам овде или на некое слично место, но којзнае по каква грешка сум се родила таму. Не ми е воопшто важно како звучам и кој што ќе помисли за мене после овој муабет. Ја отсакав мојата татковина и ќе направам се` што можам да не и` се вратам. Не дека тука нема тешка македонштина и дека не се чувствувам на моменти како да сум таму, но лесно е да се избегне тоа. Полесно е тука... да, тука мене се` ми е полесно. И така... сакав само да си ја одбележам месечнината и да им кажам на сите на кои сум немала време да им кажам дека сум добра, дека ништо не ми фали и дека сум среќна. Навистина сум среќна и изненадена од само два-три моменти на слабост, носталгија или некаква тага. Тоа е ново за мене и баш ми е мило што е така. Прага бејбиии! Фала, пријатно.“
Posted on: Sun, 18 Aug 2013 12:57:08 +0000