СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ - TopicsExpress



          

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ ВЕДНАШ! 12 септември 2013 година, Атина, Грција - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го отфрла наци-фашистичкото барање на Владата во Атина за промена на државното име Македонија! СМК потсетува дека прашањето за државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога македонскиот народ и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите! СМК бара безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија веднаш и продолжување на членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, независно од историските хипотеки, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija), туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик! СМК предупредува дека секое продолжение на разговорите за разликата на државното име Македонија со јужниот сосед е одговорност на претседателот, премиерот, министрите и пратениците, бидејќи никој нема мандат да разговара, преговара и договори промена на државното име Македонија! Секој договор за промена на државното име Македонија не претставува демократија или слобода на мислата и говорот, туку најтешко кривично дело велепредавство, злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите Нации, Универзалната Декларација за човековите права, Уставот на државата Македонија и на меѓународното право! Секој договор за промена на државното име е ништовен, бидејќи никој нема активна легитимација и мандат да го склучи! Доколку антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република се вредност на сполидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците во целиот свет го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата! Македонците во целиот свет отфрлаат референдум, промена на Уставот или ратификација на меѓународен договор заради промена на државното име Македонија!
Posted on: Wed, 11 Sep 2013 22:32:48 +0000

Trending Topics



The

Recently Viewed Topics




© 2015