СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ - TopicsExpress



          

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ДРЖАВНОТО ИМЕ НЕ Е ПРАВО НА МАЛЦИНСТВАТА! 01 ноември 2013 година, Скопје, Македонија - Албанците со македонско државјанство се граѓани на државата Македонија, еднакви пред Уставот и законите како и сите останати, и никој не ги елиминира од интересот за унапредување на македонско-грчките односи поради анимозитетот на Атина кон државното име Македонија. Но, државното име Македонија не е право на националните малцинства. Нивните права и слободи се загарантирани со Уставот и законите и нив може да ги уживаат само во државата со името Македонија! УЧК во 2001 година започна војна за територии па ковертираше во војна за права на Албанците во Македонија. Но, ниту војната во 2001 година беше војна меѓу Македонците и Албанците или меѓу православните и муслиманите, ниту каква и да е нова УЧК повеќе може да се изроди за нова војна на Албанците против Македонците заради промена на државното име Македонија! Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за несериозна ја смета намерата на лидерот на ДУИ Али Ахмети за дестабилизација на земјата или за рекомпонирање на парламентарното мнозинство поради промена на државното име Македонија. Државното име Македонија е трајно решение за мир и стабилност во Југо-Источна Европа, но негова промена трајно ќе го дестабилизира Балканот во целина. Државата Македонија е во евро-атлантските и евро-азиските интеграции, со ЕУ и НАТО е во асоцијација и партнерство, но грчкото вето за полноправно членство во овие сојузи на држави е неприфатлив услов за компромис што значи трајна промена на државното име Македонија. Државата Македонија нема име ниту за внатрешна ниту за надворешна односно меѓународна употреба, Државата Македонија има само едно државно име ерга омнес Македонија! Македонците за целиот свет се ерга омнес Македонци! Власта и опозицијата независно од етничкото потекло на пратениците и министрите, немаат право на разговори и компромис, туку обврска достојно да го почитуваат и бранат дома и во светот државното име Македонија, во чиешто име дале заклетва дека ќе ги штитат Уставот и законите, суверенитетот и територијалниот интегритет на Државата Македонија! СМК уште еднаш ги повикува претседателот на Републиката и Владата да прогласат безусловен крај на разговорите за промена на државното име Македонија и го известат генералниот секретар на Обединетите Нации дека државата Македонија го продолжува своето членство во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција, независно од историските хипотеки, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик!
Posted on: Fri, 01 Nov 2013 01:19:15 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015