ВОСХИТУВАЧКИ, ВОЗБУДЛИВ, - TopicsExpress



          

ВОСХИТУВАЧКИ, ВОЗБУДЛИВ, КОСМОПОЛИТСКИ... Секако најпознат од сите 7 Емирати, откако Шеикот Мактум одлучи парите заработени од нафтата да ги вложи во развој на туризмот, Дубаи доживува неверојатен напредок така што денеска, благодарение на познатата и преубава плажа, Jumeirah Beach, многубројните шопинг центри, автентичните арапски базари, модерните облакодери и супер луксузни хотели, може да се каже дека претставува вистинска туристичка оаза насред арапската пустина. Од вечните тишини на пустината до динамичноста по арапските пазари, Дубаи претставува каледиоскоп од незаборавни туристички атракции, каде што ќе уживате во богатиот микс на старото и нoвото, каде што сте во очекување на неочекуваното.Сигурно сте слушнале за највисокиот хотел во светот, највисоката зграда во светот или за огромниот остров “Мапата на Светот”? Претставете си вечера во најскапиот хотел во светот, а миг потоа да сте дел од културата на бедуините во пустината, или пак романтична вечера по каналот на Дубаи? 30 декември: СКОПЈЕ - ДУБАИ Состанок на групата на аеродромот Александар Велики три часа пред полетување. Полетување во 12.40 часот. Слетување во Дубаи во 20.45 локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, организиран трансфер до хотел. Ноќевање. 31 декември: ДУБАИ Појадок. Организиран полудневен панорамски разглед на Дубаи со лиценциран водич на англиски јазик. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и краток разглед на хотелот Атлантис, посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање), од таму ќе продолжите кон џамијата, која ќе ја погледнете само од надвор, а потоа кон Бастакија, стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахади тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бродчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар, наречен Сук, палатата на Шеикот Мухамед, златниот пат кој што ги дели двете палати на браќата Мухамед, најголемиот трговски центар на светот каде што се наоѓа и најголемата зграда на светот Al Kalifa висока 826м. и преубавите музички фонтани каде на секои 15мин. имате ново доживување на спојот помеѓу танцот на водата и звукот на музиката. Можност за дочек на Новата 2014 Година на спектакуларните фонтани во Дубаи Мол. Враќање во хотелот. Ноќевање. 01 јануари: ДУБАИ Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови можност за крстарење со брод низ заливот (факултативно) со вклучена вечера и безалкохолни пиалоци. Романтичен начин да ја поминете вечерта на заливот кој што е осветлен само од месечевата светлина. Ќе се опуштите покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Пловејќи покрај милион светилки и восхитувачката панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевање. 02 јануари: ДУБАИ - АБУ ДАБИ Појадок. Слободен ден за индивидуални активноти, шопинг, капење, сончање, или Факултативно – можност за посета и разглед на најголемиот Емират Абу Даби со превоз и лиценциран водич на англиски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayd Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона наградот, ќе застанеме покрај Heritage Village – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Организиран ручек во еден од хотелите во Абу Даби. (факултативно) посета на Emirates Palace со пијалок или кафе – хотел составен од девет палати, за секој емират по една и две за нивните пријатели Кувајт и Катар. Внатрешниот дел од палатата е обложен со 24-ри каратно злато. Прошетка низ преубавите градини и фонтани. Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање. 03 јануари: ДУБАИ Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 04 јануари: ДУБАИ Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Попладне, Факултативно – Пустинско Сафари со џипови. Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера и безалкохолни пијалоци. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, можност да јавате камили и да ги вкусите традиционалните арапски јадења. Вечерата ќе Ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот со своето танцување ќе Ве однесе право во приказните од 1001 ноќ . . . Враќање во хотел околу полноќ. Ноќевање. 05 јануари: ДУБАИ Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Можност факултативно – посета на најскапиот хотел во светот и едиствениот со 7 звезди Burj Al Arab. Враќање во хотел. Ноќевање. 06 јануари: ДУБАИ - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ Одјавување од хотел и трансфер до аеродромот во Дубаи три часа пред лет. Со завршувањето на пасошките контроли започнува нашето враќање во реалноста кон која ќе ги понесеме со себе најубавите спомени од една од најбогатите земји на светот со надеж дека повторно ќе се вратиме. Од Дубаи полетуваме во 09.15ч. Слетување во Скопје во 11.55. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 835€ (51.770,00 мкд) ЗА УПЛАТИ ДО 16/11: 795€ (49.290,00 мкд) ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: - Авионски превоз на релација: Скопје - Дубаи - Скопје со FLY DUBAI - Организирани трансфери со автобус на релација: аеродром – хотел – аеродром - Сместување во хотел со *** / 7 ноќевања со појадок - Организиран разглед на Дубаи со лиценциран водич на англиски јазик - Организација на аранжманот и придружник на патувањето ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: - Аеродромските такси во износ од: 50 € / 3.100 мкд (износот е променлив) - Туристичка Виза за ОАE (80€) - Факултативни излети: (пустинско сафари 65$, Крстарење со брод 60$, Абу Даби 70$, вечара или ручек во Burj Al Arab 175$ ) - Задолжително Патничко здравствено осугурување. Забелешки: - Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба - За ова патување потребен е валиден биометриски пасош од најмалку 6 месеци по денот на напуштање на ОАЕ. - Потребни документи за виза: скенирана фотографија, скенирана прва страна од пасош… (за подетални информации јавете се во агенција) - Факултативните излети се плаќаат исклучиво во USD на лице место. - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 30 патници - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! Пријавување во просториите на Балкан Експрес Травел, бул. Јане Сандански 82 локал 65 приземје ТЦ Бисер Скопје, 02/2443-555 и 02 2453-555
Posted on: Mon, 21 Oct 2013 16:16:55 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015