„Тројца браќа биле на риболов. - TopicsExpress



          

„Тројца браќа биле на риболов. Морето го фатило невреме и после долга борба со него и невремето, завршиле на некој пуст хавајски остров. Островот бил преубав, полн со кокосови палми, овошје во изобилие а на сред островот била издигната висока планина. Ноќта сонувале ист сон во кој некој глас им рекол: Утре кога ќе се разбудите на островот ќе пронајдете три големи камења. Секој од вас нека истркала по еден камен до каде сака на островот. Местото до кое ќе го истркалате каменот ќе биде место на кое ќе живеете. Што повисоко се качите, тоа подобар поглед ќе имате кон светот. Ваш е изборот до која висина ќе ги тркалате камењата. И така, браќата почнале да ги тркалаат камењата. Тркалањето било мачно и тешко и на рамнините а камоли нагоре по планината. Прв се огласил едниот брат кој рекол: „Мене и овде ми е ок. Обалата ми е близу, можам секој ден да ловам риба а и целата храна од островот ми е достапна. Не ми пречи што нема да можам да го гледам големиот свет.“ Другите двајца браќа продолжиле со тркалањето. На првата понапорна угорница се откажал и вториот брат. „Мене овде ми е доволно, ќе живеам фино и вака. Нагоре нема баш вода и храна“ Третиот брат продолжил по угорниците. Станувало се понапорно но тој се повеќе издржувал бидејќи го водела мислата дека од горе ќе го види целиот свет. Кога стигнал на врвот на планината, после неколку месеци макотрпно буткање на каменот и без доволно храна и вода, конечно го погледнал светот. Тоа било неговото место за живот. Место на кое ниту растела трева, ниту летале птици. Кога огладнувал, морал да јаде корења, а кога ожеднувал, морал да лиже лед од планината. Но затоа можел секојдневно да го гледа целиот тој величествен свет. И затоа на врвот на тој хавајски остров, денес стои огромен округол камен.“ За интелектуалната радозналост After Dark - Haruki Murakami
Posted on: Mon, 21 Oct 2013 16:31:55 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015