Zlatko Marin : Општина Аеродром е една од - TopicsExpress



          

Zlatko Marin : Општина Аеродром е една од најголемите општини, но не може да се каже дека е меѓу најразвиените во поглед на економската развиеност и распространетоста на индустриски капацитети. Општина Аеродром треба да прерасне во економска зона, во која ќе доминираат дејностите во кои се користи високостручен потенцијал, современи технологии и решенија. Економскиот развој да го насочиме кон поттикнување на инвестирањето во индустриски капацитети од различни индустриски гранки, развој на трговската дејност и унапредување на земјоделството во руралниот дел. Инвестициите ќе бидат остварени со привлекување на домашни и странски инвеститори преку развојот на јавно-приватното партнерство со што ќе се отворат нови работни места. Обезбедувањето на поволна бизнис клима, вложувањето во инфраструктура, кадровска екипираност, обезбедување на евтини енергенси и поволни услови за развој на индустријата се светски и наши приоритети, со кои компаниите ќе си ја подобрат конкурентноста на пазарот, а со тоа ќе се подобри и стандардот на граѓаните.
Posted on: Fri, 25 Oct 2013 09:26:39 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015