Последните неколку години „Денот - TopicsExpress



          

Последните неколку години „Денот на дрвото“ е неработен ден, па логично е да се очекува дека најмногу садење ќе има во скопскиот регион, каде е сместен и најголемиот дел од државната администрација. Ама, државната статистика не вели така. Во скопскиот регион, каде се користат најмногу слободни денови, најмалку се пошумувало со садење во 2012 и 2011. И статистичките показатели се загрижувачки. Така, ако во во 2009 имало пошумено со садење 387 хектари (139 иглолисни и 248 листопадни), во 2010 година имало 68 хектари (35 иглолисни и 33 листопадни), во 2011 се пошумени со садење само 11 хектари (7 иглолисни и 4 листопадни), а во 2012 година се пошумени со садење вкупно 37 хектари (19 со црн бор и 18 со други иглолисни видови). Кој не верува, нека си провери во публикациите „Шумарство“ на Државниот завод за статистика.
Posted on: Wed, 27 Nov 2013 23:27:59 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015