34 Интернационален фестивал на - TopicsExpress



          

34 Интернационален фестивал на филмска камера ,, Браќа Манаки " 20.00 Свечено зaтворање / Доделување на награди Танго либре 98’ BEL/FRA/LUX Режија/ Frederic FONTEYNE Сценарио/ Anne PAULICEVICH, Philippe BLASBAND Кинематографер/ Virginie Saint-MARTIN Монтажа/ Ewin RYCKAERT Продуценти/ Patrick QUINET, Claude WARINGO Виржини Сен Мартан, кинематограферка: Родена e во 1965 година во Брисел, Белгија. Искусна киноматограферка од средната генерација на белгискиот филм (со 40 потпишани наслови досега). Ги снимила сите играни филмови на режисерот Фредерик Фонтејн. Во 2007 година, на 28. Фестивал „Браќа Манаки“, стана лауреатка на „Сребрена камера 300“ за нејзината креација во филмот ЈАС СУМ ОД ТИТОВ ВЕЛЕС на Теона Стругар-Митевска. Минатата година, на 33. Фестивал „Браќа Манаки“ беше член на Интернационалното жири. Фредерик Фонтејн, режисер: Роден е во 1968 година во Брисел, Белгија. Студирал телевизиска и филмска режија на ИАД во Луван на Нев, Белгија (1985-89) и во почетокот на деведесеттите снимил неколку кратки филма. Неговиот прв игран филм МАКС И БОБО (1997, кинематограферка В. С. Мартан) по што следува работа како учител во Школата за глума Паралакс. Две години подоцна, тој го снима успешниот ПОРНОГРАФСКА АФЕРА (кинематограферка В. С. Мартан), кој беше претставен во конкуренција на фестивалот во Карлови Вари, како и ЖЕНАТА НА ЖИЛ (2004, кинематограферка В. С. Мартaн). СОДРЖИНА: На неговиот неделен час по танго, Ј.Ц., затворски чувар, e привлечен од една жена – Алис. Следното утро Ј.Ц., во затворот каде што работи, ја забележува истата жена како ги посетува затворениците Фернанд и Доминик - едниот ѝ е сопруг, а другиот љубовник. На тој начин, Ј.Ц. е вовлечен во комплицираниот љубовен живот на Алис, станувајќи третиот човек заљубен во неа. Во меѓувреме, затворениците учат танго youtu.be/HXqtE1Xc-0s
Posted on: Fri, 20 Sep 2013 09:49:24 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015